Сопругот на Карлеуша се преполови по разводот – сега изгледа речиси непрепознатливо, многумина во шoк кога ќе го видат
Бојан Кариќ, синот на Сретен Кариќ, живее живот каков што многумина би можеле само да сонуваат.
Поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша е наследник на империјата на богатото семејство Кариќ.
Тој не се појавува често во јановтса, но многумина го памтат од периодот кога беше во брак со познатата пејачка.
Бојан тогаш имаше вишок килограми, а по разводот почна да се грижи за својата исхрана и според многумина сега изгледа подобро од кога било досега.
Бојан во медиумите најмногу беше присутен за време на бракот со Карлеуша кој, за жал, траеше само 3 месеци.
Бојан во 2007 година застана повторно на лудиот камен со неговата избраничка Маша Николиќ.
Тие имаат близнаци – ќерката Тара и момчето Теодор.
Маша е сестра на пејачката Јована Николиќ, сопругата на Марко Мишковиќ, синот на контроверзниот бизнисмен Мирослав Мишковиќ.
Бојан Маша ја запозна и со неа започна врска во 2005 година, истата година кога стави точка на бракот со Карлеуша. Бојан денес ужива во патувања и води хедонистички стил на живот, што може да се види и од фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.
Храната и томпусите очигледно му се страст, а на патувањата најчесто оди со приватен авион.
Инаку, Бојан и Карлеуша никогаш не зборувале јавно за нивниот брак, но затоа Даниела Кариќ, ќерката на Хафа и Драгомир Кариќ, во една пригода зборуваше отворено за бракот на својот братучед.
„Таа секако не се омажи за него заради пари, туку се сакаа. Има девојки кои сакаат да влезат во нашето семејство заради парите, но Јелена не е една од нив. Со неа многу добро се согласував, ми беше една од омилените снаи. Карлеуша приватно е многу пристојна и фина личност, секогаш ми укажуваше почит, не можам да кажам ништо грдо за неа. За неа имав убаво мислење и имам го се уште“, изјави Даниела своевремено за „Информер.рс“ и нагласи дека во нивното семејство секој има право на свое мислење.
Инаку, Карлеуша веќе со години е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ со кој се омажи по разводот од Кариќ. Парот веќе со години е под лупата на јавноста, но тие не се загрижени премногу за приказните во медиумите, туку потполно се фокусирани на своите две ќерки, Атина и Ника.
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ
Фото: Инстаграм/ Бојан Кариќ