Сопругот на Карлеуша и купи нова куќа во барок стил од 2.5 милиони евра – луксузната вила има четири тоалети, базен и теретана!
Пејачката спомна дека Душко и таа ќе користат посебни тоалети и дека тоа е клучот на секој успешен брак!
Веќе неколку недели во медиумите е актуелна приказната за тоа како Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ пазариле недвижнина, а сега пејачката и ја потврди таквата информација, пишува Glossy.
Имено, поп пејачката пред камерите призна дека таа и нејзиниот сопруг купиле нова куќа во Белград во која наскоро ќе се вселат.
„Точно е дека купивме куќа, но не во Кина, како што се зборуваше, туку во Белград“ изјави таа и спомена дека куќата има 4 тоалети и дека Душко и таа ќе користат посебни, бидејќи тоа е „клучот на секој успешен брак“.
Пред некое време се шушкаше дека брачниот пар би можел да купи недвижнината на Драган Стојковиќ Пикси. Споменатата куќа на Дедиње има пет спални соби и три гостински соби, четири тоалети како и теретана и сауна. Во дворот на куќата има голем базен. Како и објект предвиден за послуга.
https://www.instagram.com/p/Bo3jJ8blpvs/?taken-by=karleusastar
Јелена беше фасцинирана од тоа што куќата е просторна, уредена во барок, со стилски мебел има базен и теретана, која им недостига во сегашниот стан. Најважно од сé е што нема комшии, како во нивната зграда, па нејзината приватност е загарантирана, вели изворот за медиумите,