Посебен ден и прекрасна причина за славење во семејството на Дракче.
Драгица Стевковска – Дракче водителската кариера ја започна со емисијата „Патот на светлината“ и оттогаш е една од најомилените водителки на народот.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска – Дракче
Дракче плени со својата позитивна енергија и пристапноста, па токму тоа ја доближува уште повеќе до публиката.
Кога не е пред камери Дракче сака времето да го поминува со своето семејство и најсаканите.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска – Дракче
Место каде што го наоѓа својот мир и спокој е нејзината куќа во скопското село Петровец.
Дракче е активна на Фејсбук и редовно споделува новости поврзани и со нејзиното секојдневие.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска – Дракче
Повеќе од 3 децении е во брак со фолк – пејачот Оре Стевковски со кој има 2 ќерки.
Највесело дома им е кога ќе дојдат внучињата на гости.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска – Дракче
Баба секогаш подготвува омилена храна за децата.
Дракче често знае да сподели фотографии од нејзиниот сопруг и децата, но овој пат одлучи да го покаже својот брат, кој на православниот празник Петровден славеше именден.
Нејзиниот брат е талентиран музичар, па за именденот им засвири на гостите на синтисајзер.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска – Дракче
Видео од прекрасната атмосфера Дракче сподели на Фејсбук, а во опис напиша:
„Убав мој брате кога ти свириш срцето ми се радува.
Среќен именден вечно да го славиш среќен со твоите сакани..
Ве сакаааааааам“.