Сопругот на Александра Пријовиќ откри која е најважната жена во неговиот живот – тоа НЕ е ни неговата сопруга, ни Лепа Брена …
Мажот на Пријовиќ ги воодушеви сите на Инстаграм
И покрај гласините дека нивниот брак е во критична фаза, повеќе од очигледно е дека Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ веќе со години уживаат во голема љубов, особено откако пред два месеци им се роди синот Александар кој ја зголеми нивната заедничка среќа.
Кога се заедно не ја тргаат насмевката од нивните лица, а Филип ги изненади сите со една фотографија што ја објави на својот профил на Инстаграм.
Имено, тој сподели фотографија со својата баба под која стави и емотивна порака со која ги воодушеви сите.
„Мојата баба. Моето срце, мојата карпа“, напиша Живојиновиќ.
Неговите обожаватели на социјалните мрежи беа воодушевени од овој симпатичен призор, а многумина му посакаа неговата баба да биде здрава и жива уште многу години.
Инаку, српските медиуми пред само една недела објавија гласини дека Филип ја изневерувал својата сопруга, и тоа додека таа била бремена. Во прашање е манекенка која изјави дека е и бремена од Филип, и досега овие гласини никој не ги потврди, ниту пак демантира.
Се огласи само Александра, која за медиумите во шега изјави дека Филип постојано бил со неа, а сега и со малиот Александар, и дека нема шанси во исто време да можел да се гледа и со некоја друга девојка.