СОПРУГОТ И ПОЧИНА ВО КРЕВЕТОТ НА ЉУБОВНИЦАТА, а она што го направи неговата вдовица ги шокираше сите што дојдоа да го испратат!
Синот на измамената жена на медиумите им соопштил детали за суровиот однос на починатиот кон семејството за да биде со многу помлада девојка.
Жената која решила со медиумите да ја сподели својата шокантна животна приказна, но сепак да остане анонимна, се соочила со смртта на својот сопруг на најбизарен можен начин. Имено, таа била информирана дека тој починал поради срцева слабост при сексуален однос со неговата љубовница.
Бидејќи веќе немало ситуација или време за одмазда, вдовицата сепак не се откажала од намерата да му покаже на целиот свет колку ја повредил нејзиниот покоен партнер. Се водеше од мислата „Запомни па врати“, па о таа логика решила да ја сервира одмаздата ладна, во буквална смисла на зборот.
Кога на семејството на починатиот им кажала што ќе пишува на неговиот надгробен споменик, биле шокирани. Ја молеле да се предомисли, но жената била доследна да ги спроведе своите мисли на дело. Роднините се обиделе барем да го убедат синот на починатиот да влијае на неговата мајка, но и тој бил на нејзина страна.
– Татко ми со години ја изневеруваше мајка ми со колешка од работа. Реши да се разведе од мајка си и да не остави сите нас за да се пресели на другиот крај на земјата и да започне нов живот со ново семејство.
Не само што се однесуваше како мајка ми никогаш да не постоела, туку и сите ние. Неговото однесување беше шокантно – рекол синот на починатиот.
Момчето истакнува дека татко му се скарал со сите поради љубовницата и дека ја напуштил куќата.
– Мама се шокираше кога по толку години побара развод. Тој и рекол дека не го интересираат ниту децата, бидејќи има млада партнерка со кој сака да има нови деца. Сите разбравме дека се заљубил, но тотално се збрка. Ни даде рокови кога треба да се иселиме од куќата за да ја продадеме за да купи нов дом по мерките на неговата млада љубовница – откри овој очаен млад човек за медиумите.
Судбината, пак, не била на страната на тој човек кој не се откажал само од сопругата, туку и од трите деца за да и ги исполни желбите на својата девојка.
– Тато се исели од станот и рече дека ќе поднесе документи за развод, кои, за среќа, сè уште не успеал да ги добие. Потоа, пред неколку дена и кажаа на мајка ми дека починал од срцев удар за време на секс со неговата љубовница. Куќата ни беше оставена на мама и нас. Ја поддржувам мајка ми во нејзината одлука да напише на надгробната плоча на татко ми што и да мисли дека е потребно – заклучува младиот човек.
Мажот бил погребан со голем број членови на семејството и пријатели. На надгробната плоча беше напишано следново:
– Тука почива нашиот сакан син, сопруг, татко и прељубник!