Сопругата на Ѓоко Јовиќ сподели преубава вест – МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ НА ГОСПОД ШТО ТЕ ИМАМ…
Погледнете како Ивана Јовиќ му го честиташе роденденот на својот сакан сопруг
Ова ќе биде посебен ден за популарниот фолк-пејач Ѓоко Јовиќ – тој денес полни 38 години.
Ѓоко е роден на 27 септември 1985 година во Валандово, а денес со својата сопруга и семејството живее во Скопје.
Неговата понежна половина Ивана му посака сé најубаво во животот и со емотивни зборови му го честиташе роденденот.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Таа секако дека не ја пропушти приликата на овој ден на сопругот да му го честита роденденот и преку социјалните мрежи, па објавувајќи нивна заедничка фотографија, на која и двајцата блескаат, напиша:
„Љубов моја, нека ти е најсреќен роденденот, да си секогаш среќен, исполнет и опкружен со луѓето што ги сакаш, му благодарам на Бог што те имам и што токму тебе те избрал да бидеш мојот сопатник“.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Те сакам“, напиша Ивана во описот на заедничката фотографија со која ги воодушеви сите на социјалните мрежи.
Преку социјалните мрежи роденденот му го честиташе и неговиот син Михаил и ќерката Теодора.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
„Среќен роденден тато. Да ми бидеш жив, здрав, весел, благословен уште 101 година“, напиша Михаил, а ќерката Теодора објави заедничка фотографија која што пејачот ја сподели.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Инаку, Ѓоко и Ивана важат за еден од најхармоничните брачни парови, полни со љубов и разбирање еден за друг.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Покрај Теодора и Михаил, тие ги имаат и синовите Јоан и Дарин, а како Ѓоко ужива со нив, погледнете во продолжение.
Имено, тој сподели снимка на која се гледа како си игра со неговите синови во нивниот дом и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
На снимката се гледа како тој седи на нивната количка, а тие го туркаат низ собата, сите насмеани, среќни и весели.