Сопругата на Сашо Мијалков сака да биде млада баба – пикантерии од љубовниот живот на примабалерината Александра
Александра истакнува дека со нејзиниот сопруг меѓусебно се подржуваат и си даваат простор еден на друг.
Тие се во брак повеќе од 25 години, а Александра во „Бекстејџ“ откри некои детали од нивниот заеднички живот.
Александра и Сашо Мијалкови се заедно уште од млади, а денес после речиси три цели децении, убавата примабалерина ги открива тајните за нивниот успешен брак. Како што вели Александра нивниот брак ги одржува флексибилноста, хармонијата и разбирањето, кои според неа покрај љубовта се главните стожери во еден долг и успешен брак.
Примабалерината додаде дека нејзиниот сопруг често знае да изненади, иако тоа можеби не личи на него.
Тие имаат два сина – Александар и Јордан, кои тие ја доживуваат како постара сестра, а со нејзиниот модерен моден стил така и изгледа кога е ви нивна близина.
Сака да биде млада баба и свекрва со разбирање, вели Мијалкова во своето интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“.