Сопругата на премиерот Ковачевски го фрли Њујорк на колена со ова ЗAВОДЛИВО издание – гopи интернетот од стилот на оваа жена
И кралиците го обожаваат овој детаљ!
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со сопругата беше на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
Шармантната Елена и овој пат заблеска во сиот свој сјај во преубав фустан од македонската дизајнерка Тања Кокев.
Во прашање е креација од нејзината бизнис колекција за 2022 која изгледше како да беше скроена специјално за Елена.
Фустанот е со кратки ракави кој се стеснува на половината и потоа се шири кон здолништето, со суптилно деколте во „V“ израз и интересен детаљ на ракавите, а Ковачевска го носеше со црни високи потпетици.
Елена и овој пат довербата и ја повери на познатата македонска дизајнерка и очигледно повторно не погреши.
Таа едноставно блескаше во ова свое издание, а виолетовата боја е полн погодок кога се свечени пригоди во прашање.
Таа е една од водечките бои за оваа година, а заради својата елеганција и раскош отсекогаш ја поврзуваат со ексклузивност, женственост и луксуз.
Многу кралици ја обожаваат и избираат најразлични фустани за најелегантните случувања токму во оваа боја, па во продолжение погледнете и вие неколку модели на фустани во виолетови нијанси.
Бонус галерија
18 фустани во виолетова боја за 2022
H&M
H&M
H&M
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Zara
Zara
Zara
Stella Mccartney
Sergio Hudson
Oscar De La Renta