Сопругата на премиерот блесна во виолетова креација – Роза Мицкоска во гламурозно издание
Сопругата на премиерот блесна на отворањето на филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола.
Рози и Христијан Мицкоски ја испочитуваа традицијата.
Од јуни оваа година функцијата премиер на нашата држава ја извршува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Тој е и редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.
Освен македонски како мајчин, говори англиски, италијански, српски и бугарски јазик.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Мицкоски е доста активен на социјалните мрежи, каде освен објави поврзани со неговата професија и активностите, споделува фотографии и од своето семејство и неговото секојдневие.
Оженет е со Роза Мицкоска, која работи како професор по македонски јазик во СУГС Гимназија „Орце Николов“ во Скопје. Од бракот со неа има два сина: Јован и Антониј.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Секогаш со гордост зборува за своето семејство и секој слободен момент го користи да го помине со најблиските.
Розе и Христијан се запознале уште за време на студентските денови, а во 2005 година одлучиле да го кажат судбоносното „да“.
ФОТО: Фејсбук / Христијан Мицкоски
Нa овогодинешното отворање на филмскиот фестивал „Браќа Мнаки“, Христијан и Роза се појавија во елегантни изданија.
Роза блесна во виолетова креација, искомбинирана со црнa наметка.
Премиерот пак се одлучи за сино сако, кое го искомбинира со виолетова вратоврска, за да одговара со фустанот на неговата сопруга.