Сопругата на Огњен Амиџиќ започнува свој бизнис во Белград – убавата Македонка конечно го оствари својот сон (фото)
Ова никој не го очекуваше од неа
Топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ одлучи да започне свој приватен бизнис. Покрај модната агенција во нејзина сопственост, манекенката реши да отвори и салон за убавина и тоа во самиот центар на Белград.
Извор близок до убавата манекенка вели дека Димитровска одамна има идеја да отвори салон за убавина во кој ќе се чувствува како дома, а сега и се укажала прилика и својот сон конечно ќе успее да го оствари.
Таа со својата блиска пријателка Ивана влезе во заеднички бизнис, а бидејќи Ивана со години се занимава со нега на жени, таа ќе биде задолжена и да води сметка за изгледот на клиентките, пренесува Телеграф.
„Даниела со години наназад се негува кај својата пријателка Ивана која веќе има еден салон во родниот град на манекенката, Пожаревац. Бидејќи многу и е важно лицето секогаш да и биде перфектно, Даниела долго време барала кому ќе му ја препушти оваа задача. Кога почнала да оди кај својата пријателка Ивана, сфатила дека тоа е полн погодок, па и предложила да започнат заеднички бизнис во Белград“, вели изворот, а пренесе порталот „Србијаданас“.