Сопругата на најпознатиот виолинист во Македонија ја објави првата ФОТОГРАФИЈА од нивниот наследник – таткото пресреќен!
Популарниот музичар ужива во најубавите моменти од својот живот.
Најшармантниот и најдобриот виолинист во моментов во Македонија Илија Филиповски важи за исклучително добро воспитан, културен и секогаш насмеан. Со својата виолина прави бум на секоја забава и никој не може да остане рамнодушен.
Цела публика е на нозе.
Веќе три години тој е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ .
Сите активности во „Танец“ се наутро, па токму затоа навикнал да биде и ранобудник.
Освен со „Танец“ Илија е ангажиран и со групата „Маестро“.
Маестро на сцената е веќе 9 години, а Илија во интервју за емисијата „Магазин“ на Сител телевизија откри што е најголемиот успех на групата.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека тој и хармоникашот Војче Петрушев со кој заедно се дел од групата се поврзани и на друг начин, односно Илија му е кум на Војче.
Освен во Масетро и двајцата се ангажирани и во „Танец“. Освен што се пријатели, Илија и Војче дури и физички наликуваат, па велат дека луѓето и на свадби многу често ги мешаат.
Она може да се забалежи е дека и двајцата успеваат да ги освојат женските срца со својот шарм.
Но, срцето на Илија го има освоено само една жена.
Оваа година може да се каже дека е една од најубавите за него. Иако за многумина беше тешка и тажна, за Илија местро беше одлична, особено на приватен план.
Имено, најпрво стапи во брак со својата долгогодишна девојка Анатасија.
Според фотографиите споделение на социјалните мрежи, Илија на запроси Анастасија на Матка.
„Таа рече ‘да’. Те сакам Анастасија“, напиша музичарот, кој ретко објавува фотографии со девојката.
Анастасија инаку по потекло е од Охрид, па Илија е сега охридски зет.
Минатиот месец Илија и Анастасија го добија своето прво дете.
Илија на Фејсбук ја објави убавата вест и напиша: „Фала ти ГОСПОДЕ!!! Станав татко, МИ СЕ РОДИ СИН!!! Анастасија, ВЕ САКАМ НАЈМНОГУ!!!“
Малиот Марко веќе има еден месец, па Анастасија сподели фотографија со него.
На фотографијата е нејзината дланка која ја држи дланката на војот син, а во опис пишува: „Цел свет во рака“.
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски
ФОТО: Инстаграм / Илија Филиповски