Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на Мицкоски во едно од најубавите изданија што сме ја виделе досега

Русокосата дама во елегантно и романтично издание

Реклама

Сопругата на Христијан Мицкоски, Рози, ги воодушеви сите со своето последно издание со кое се појави на социјалните мрежи.

Нејзиниот сопруг за Божиќните празници објави фотографии на кои е со семејството, а комбинацијата што ја носеше неговата сакана е вистинска модна инспирација за овој период од годината.

Имено, русокосата Рози за оваа посебна пригода избра црвен комплет составен од тренди сако и панталони, а целото издание го зачини со елегантна, бела свилена блуска, шик чевли и чанта во пудра нијанса што ја држеше за ременот со раката.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

Инаку, црвените панталони отсекогаш важеле за „маст-хев“ парче за секоја жена, а подеднакво се добри како за дневни, така и за вечерни пригоди. Моделот што го носеше Рози беше полн погодок, посебно за овој празничен период од годината, а покрај ова нејзино беспрекорно модно издание блескаше и Христијан.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

„На православните христијани кои денес го слават Христовото раѓање Божик, им го честитам овој ден, а на сите граѓани им ги честитам новогодишните празници, им посакам здравје, среќа, мудрост, трпение за нив и нивните семејства, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ под фотографиите што ги објави на својот Инстаграм.

Како тие изгледаа погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

И како и обично, сопругата на Мицкоски и овој пат одлучи за дискретна шминка со природни нијанси, а нејзината долг руса коса зачинета со преубави локни е совршена фризура за секоја пригода.

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

Мицкоски со семејството за Бадник

„Малку драгоцени моменти со најблиските. На бадниковата вечер паричката падна кај мојот татко Иван, без лутење од останатите :)Посакувам повеќе среќа кај сите семејства и луѓе кои ги одбележуваат овие празници, повеќе радост и насмевки на лицата во овие тешки моменти. Нека биде година на промени и иднина. Честит Бадник. За многу години!“, напиша Христијан под следната фотографија што деновиве ја сподели на својот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Христијан Мицкоски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button