Сопругата на Мики Црнокрак се уште изгледа како божица, но денес малкумина се сеќаваат каква убавица била како невеста!
Нашата позната поранешна манекенка плени каде и да се појави, а многумина ќе бидат изненадени и кога ќе видат како изгледала пред дваесет и кусур години.
Светлана Црнокрак, сопругата на Мики Црнокрак, се уште важи за една од најубавите жени во Македонија.
Таа на врвот од својата кариера како мисица и манекенка беше во 90-тите, но се уште плени со својата убавина каде и да се појави. Тоа впрочем можеме да го забележиме и до нејзините фотографии на социјалните мрежи, но и од модните едиторијали на многу познати брендови во Македонија каде се уште ја игра главната улога.
Па така на последниот едиторијал за Фешан груп, Светлана позираше со уште три други познати македонски убавици.
Имено, на социјалните мрежи овие денови хит е едиторијалот во кој покрај Светлана учествуваат и Татјана Стојановска, Ана Биновска – Кочова и Вера Мештеровиќ, во кои сите изгледаа прекрасно.
Многумина коментираа дека овие наши познати грации изгледаат како времето да не постои за нив, а тоа впрочем можеме да го видиме и од фотографиите што Светлана ги објавува на социјалните мрежи.
Таа секогаш плени со својот шарм и харизма, и изгледа минимум 10 години помладо во секое свое издание.
Инаку, Светлана скоро 25 години е во брак со својот сопруг со кого две децении го водат модното студио Црнокрак.
Тие својата врска ја започнаа како млади манекени, а се запознале на една ревија кога се заљубиле на прв поглед.
Тие на 11 октомври 1997 година ќе застанат на лудиот камен, а круна на нивната љубов се ќерките Моника (23) и Нина (10).
Како изгледале тие на својот најубав ден во животот, кога се заколнале на вечна љубов, погледнете во продолжение.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак (Магазин)
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Мики Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак