Сопругата на Мики Црнокрак позираше во занесно издание и ги запали социјалните мрежи – изгледа како во најдобрите денови!
Тие двајцата се синоним за мода во Македонија, а се чини дека воопшто не стареат.
Светлана и Мини Црнокрак по многугодишна кариера во светот на модата станаа препознатливи по својата убавина и секогаш изгледаат гламурозно и убаво.
За овој брачен пар се чини како времето да застанало, па не остареле ни ден, туку напротив од ден на ден изгледаат се поубаво и позанесно што може да се види и од нивните фотографии.
Светлана важи за жена која и мајка која зад себе има кариера која е за почит, една од првите манекенки во Македонија.
Таа важи за жена со неприкосновена убавина, а годините кои минуваат за неа се само број, а последните објави на нејзиниот фејсбук-профил го потврдуваат тоа.
Светлана својата кариера ја започнала на 18 години откако се појавила на „Мис на Македонија“, натпреварување кое за неа беше „отскочна штица“, а со својот сопруг се запознале на една модна ревија.
„Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше. Така функционираме и сега во однос на работата. Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото (бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми. Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата.“
„Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина, рече Светлана во едно интервју за „Хибрид“
Брачниот пар Црнокрак имаат две ќерки, Моника и Нина, а Светлана важи за посветена мајка и сопруга која се чини наоѓа време за сè, па затоа вели дека е најгорда на нив.
-Најгорда сум на тоа што имам прекрасно семејство, прекрасен сопруг и се разбира гордоста наша, Моника и Нина. Тука е и мојот остварлив сон, а тоа е успехот за сè она што го работам во светот на модата, и како модел, а сега и преку нашето модно студио Црнокрак, рече Светлана.
Постарата ќерка Моника студира Економски факултет и тргна по стапките на своите родители.
Имено, таа успешно плови во манекенките води и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитантски настап во 2018 година. Таа тогаш на изборот за Мис лето Интернационал што се одржа во Киренија, Кипар ја освои титулата за Мис фотогеничност.
Кога прв пат се појави на пистите Моника ги собра сите симпатии на публиката, посебно заради сличноста со нејзината мајка.
„Другата во мене“, напиша гордата мама под заедничката фотографија што ја објави на Фејсбук.
Пофалби заслужува и Светлана за својот изглед, повеќе изгледаат како сестри, отколку како мајка и ќерка.
Неспорно е дека Моника ја наследила убавината и харизмата на својата мајка, која се забележува на прв поглед.
Во 2017 година тие со Мики прославија и 20 годишнина од брак, а по тој повод споделија и фотографија од свадбата, па евидентно е дека и двајцата со текот на годините изгледаат се подобро.