Убавата Марта стана популарно лице за јавноста уште кога му беше девојка на јутјуберот Стефан Лазараов. Денес како негова животна сопатничка тие често се на заеднички реклами.
Оваа дама има над 35 илјади следбеници на Инстаграм и тренда со нејзините објави. Како инфлуенсерка е една од најбараните на нашата сцена, бидејќи има посебна убавина.
Ние забележавме дека на Марта можеби не ѝ е омилена, но ѝ е една од омилените бои црната. Често е во црно, дури и за роденденот на Стефан носела црно мини фустанче.
Одбравме неколку убави комбинации во кои се појавила таа.
Летово на одмор оваа русокоса носела многу интересен фустан со карнери и длабок шлиц во црна боја.
Актуелната модна сензација ружичка од платно го надоплнува комплетниот изглед на овој аутфит.
На едно видео при посета на ателјето на дизајнерката Коцарева, Марта облекува фантастичен црн фусан со светки, со длабок шлиц и впечатливо деколте.
Во ателјето таа пробува и еден дамски фустан во стилот на Мерлин Монро.
А ако нешто привлече огромно внимание е нејзината најнова објава на која има беспрекорна шминка и фустан од соништата.
Отмена црна креација на едно рамо, со широка машна околу врат која паѓа на голиот грб.
Инфлуенсерката ставила минималистички накит од тенко ланче.
Девојки доколку сте на некоја прослава еве ви идеја за тоа како да изгледате префинето како од црвен килим.