Сопругата на Ковачевски во уште едно издание за кое зборуваат сите – елегантна комбинација што ќе биде хит оваа есен и зима

Интересен избор на облека…

Сопругата на Димитар Ковачевски, Елена Ковачевски, се прошета во уште едно интересно модно издание.
И додека повеќето дами кога се ваков тип на формални настани во прашање најчесто избираат елегантни фустани, сопругата на нашиот премиер одлучи да понесе нешто малку поразлично и повторно ги изненади сите.
Имено, таа при посетата на македонскиот културен центар во Њујорк наместо фустан одлучи да носи панталони и сако.

Во прашање е комплет во светло сива нијанса и со дебели бели риги, а под сакото носеше елегантна бела блуска.

Елена блескаше и во ова оригинално издание, впрочем како и еден ден претходно во преубавиот виолетов фустан.

Таа во стилот на модните девојки од Инстаграм и овој пат ги украде погледите, а целото издание го заокружи со дискретна шминка и нејзината преубава кратка фризура која одлично се вклопи и во ова издание.
Инаку женските костуми се во мода и оваа сезона, а многу познати дами ги носат во најразлични пригоди.

Во прашање е тренд во кој секоја дама изгледа моќно и кој е еден од омилените за оваа есен на многу познати дами и инфлуенсерки.
Тие во комбинација со кошула или блуска изгледаат префинето на секоја жена и едноставно не излегуваат од мода. Жените посебно го сакаат овој тренд бидејќи не е наменет само за деловниот свет, туку и за најразлични други пригоди.

Костумите во последните неколку сезони станаа составен ден од секојдневниот, кежуал стил, како и од свечената облека. Модерните костуми многу жени ги носат дури и во вечерно издание, а најголема предност им е што можат да се носат и одделно, во најразлични дневни и вечерни комбинации.
Оваа сезона во мода се костумите во сите бои, иако вообичаено преку зима преовладуваат неутралните и потемните нијанси.

Оваа сезона посебно се истакнуваат карираните модели, како и оние со риги каков што носеше и Елена.
Можете да ги носите со чевли „лоферки“ кои оваа сезона ќе бидат популарни како и патиките, но и со салонки и чевли со високи потпетици.

Моделот што го носи госпоѓа Ковачевска е со потписот на познатата македонска дизајнерка Тања Кокев, а во продолжение погледнете уште неколку модерни костуми од некои од најпознатите брендови во Македонија.
Бонус галерија
