Сопругата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Зорица реши да ја смени бојата на својата коса.
Препознатлива по својата долга негувана црна коса, Зорица стана бринета.Веста ја сподели нејзиниот долгогодишен стилист Драган Гоцев- Даци, од Струмица.
Одлично и стои мора да признаеме.Струмичанецот Драган Гоцев Даци е фризер и мејк-ап артист кој соработува с бројни ѕвезди од македонскиот џет-сет. Тој меѓу другото е и личен стилист и главниот „виновник“ за изгледот на дамите од семејството Заеви.
Иако е млад, досега се ма покажано како врвен професионален и виртуоз кога е разубавувањето на жените во прашање.
Го фалат многумина, а во неговиот салон во Струмица жените чекаат ред со денови. Тој неодамна гостуваше во емисијата „Урбан таг“ и објасни дека кариерата ја започнал пред неколку години во еден многу познат салон во Бугарија каде работел со бројни познати личности.
Што се однесува до сопругата на Зоран Заев, Зорица, Драган во интервјуто вели дека таа не е пребирлива жена и дека секогаш однапред знае што сака, но и дека личниот стил воопшто не го променила откако нејзиниот сопруг станал премиер на Македонија.