Сопругата на Борко Ристовски ќе ви ги стопи срцата во ова издание – ПОГЛЕДНЕТЕ како бебето ужива во нејзините прегратки
Нина објави неколку фотографии на кои може да се види како ужива со својат ќеркичка.
Нина Ристовска, сопругата на македонскиот ракометен голман Борко Ристовски неодамна го роди нивното второ дете. Тие покрај синот Душан сега ја имаат и ќеркичката Анастасија, а убавата мама неодамна на социјалните мрежи ги објави и првите фотографии со наследничката и сите ги воодушеви…
Дизајнерката Нина Ристовска, сопругата на македонскиот ракометар и репрезентативец Борко Ристовски, не крие колку ужива во мајчинството откако по втор пат се оствари во оваа најважна улога во нејзиниот живот.
Таа овој пат сподели неколку фотографии на кои може да се види како ужива со својата ќеркичка.
„Не ми беше јасно како е можно некој на светот да сакам како Душан што го сакам ❤ Анастасија моја, Љубов моја бескрајна“, напиша Нина под фотографијата на која што ја држи во рацете својата мала наследничка.
Шармантната Нина и легендарниот Борко неодамна по втор пат се остварија во улога на родители и се пресреќни откако во нивниот дом стигна приновата.
Како што изјави неодамна Борко за македонските медиуми, тие сакале ќерката да ја крстат Ирис, но бидејќи се родила на празникот Свети Атанас, го добила убавото име Анастасија. Анастасија е име со грчко потекло што значи таа што воскресна, и според традицијата, ова име на женските деца им било давано на оние што се родени околу Велигден.
Покрај Анастасија тие го имаат и синот Душан, а во брак се од 2018 година.
Нина овој пат се снимаше во домашно издание, додека бебето носеше бело боди со мали мечиња и розови срценца.
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска
Фото: Инстаграм/ Нина Ристовска