Солзи, снег и бели ружи – музите на Карл Лагерфелд се прошетаа во последните креации на легендарниот дизајнер за Шанел
Во Париз, на модна ревија со неговата последна колекција за Шанел, му беше оддадена почит на починатиот крал на модата, Карл Лагрфелд, кој стоеше на чело на оваа позната модна куќа цели 36 години
Според долгогодишната традиција, Париската модна недела е затворена со ревија на познатата француска куќа Шанел, која до пред една недела беше предводена од Карл Лагерфелд. Таков беше случајот и оваа година, а ревијата ќе остане запаметена и по спектаклот што се организираше во чест на неодамна починатиот моден гениј.
На гламурозната ревија во престижниот „Гранд Палас” беше презентирана последната модна колекција на Лагерфелд за есен-зима, и како и обично сценографијата за оваа модна ревија изгледаше бајковито.
Музите на ексцентричниот дизајнер се појавија на сцената, вклучувајќи ги и Кара Делевињ и Каја Гербер, кои со солзи на очите се прошетаа на пистата, додека специјална гостинка беше шпанската актерка Пенелопе Круз.
Убавата актерка беше облечена во романтична бела креација, а во знак на љубовта и почит кон Лагерфелд во нејзината рака носеше една бела ружа …
https://www.instagram.com/p/BurLQK1g2rn/?utm_source=ig_embed
„Чест ми е што сум дел од ревијата на Шанел на која беше претставена последната колекција на Карл Лагерфелд. Екстремно емоционален момент за сите нас“ – напиша Оскаровка на социјални мрежи.
https://www.instagram.com/p/BurJXwsHENm/?utm_source=ig_embed
На ревијата исто така присуствуваа и многу други познати модели и актерки, блиски пријатели со Лагерфелд и негови музи како што се Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Марион Котијар, Кристен Стјуарт и Моника Белучи, која прв пат се појави во јавноста со нејзиниот нов партнер.