Реклама
Новости

Солзи, болка и тага на комеморацијата за четирите жени: „Тие беа наши омилени наставнички!“

Реклама

Вчера во Сараево беше одржана комеморацијата за вработените во основното училиште Ковачиќи кои загинаа кога автомобил слета во кањонот на Миљацка во Булози, место кое се наоѓа во близина на Сараево, Босна и Херцеговина.

Од нив се простија учениците, родителите, колегите и сограѓаните кои ги познаваа и не можеа да ја сокријат тагата, пишува Klix.ba.

Маркетинг

„Се уше не можеме да поверуваме и се чувствуваме скршено. Тие беа нашите омилени наставнички кои гордо ја носеа оваа титула. Наставник не е работа, туку да сакаш, да чувствуваш, да знаеш. Сето ова и многу повеќе беше нашата Лејла која беше родена за оваа работа, прва на фронтот за иновации, реформи и борба за среќа на секое дете. Сите ние сме во загуба поради нивното предвремено заминување“ изјави една од нивните колешки на комеморацијата.

Неверојатни жени и пример за секого

Санел Алагиќ од Здружението на наставниците на кантонот Сараево, изјави дека Мерима, Лејла, Алмина и Мина беа неверојатни жени и пример за сите и дека се горд што беа дел од нивниот живот. „Се уште сме тажни како и во времето кога дознавме дека повеќе не се со нас. Ова не е збогум, ова е довидување“ порача таа.

 

Од наставничките се збогуваа и учениците со Даунов синдром кои учат во ова училиште, како и претседателката на Здружението Животот со Даунов синдром Севдија Кујовиќ. Од нив се простија и учениците и истакнаа дека училиштето за нив никогаш повеќе нема да биде исто бидејќи ја нема повеќе жената со руса коса и широка насмевка, која ги поздравувала секое утро, ниту пак погледот на кафеавите очи на жена која секогаш била спремна да ги ислуша.

„Нашето школо повеќе не е исто, ние не сме исти, тешко е, боли и ќе боли уште долго време. Сакаме ова да е само грд сон. Учителке, ви благодарам за секој број, за секоја буква, за секоја насмевка и допири. Горди сме што вие бевте нашата учителка“, велат учениците на една од починатите.

Поврзано

Back to top button