Вирално

Сокласниците не ме сакаат затоа што сум сиромашна – немам ајфон, ни најк патики, па сите во класот ме малтретираат, а мајка ми ја викаат ку*ва

Advertisement

Марина има 12 години и неодамна побара помош од класниот учител поради врсничко насилство

Advertisement

Марина има 12 години и оди во едно основно училиште во Загреб каде побара помош од нејзиниот класен учител и школскиот педагог кои и покрај тоа што сакаат да и помогнат, не успеваат во тоа. Таа е само една од многуте деца кои се мета на врсничкото насилство.

„Мајка ти е курва, а татко ти алкохоличар. Таа реченица и голем број други навреди го слушам речиси секојдневно кога ќе седнам во школската клупа. Не можам више. Сите ме малтретираат. Целиот клас. Кога завршија школските празници и кога ми текна дека повторно морам да одам на училиште, ми се слоши. Мака ми е и секое утро повраќам… не знам што да правам. Страв ми е дека ќе слушнам сé додека поминувам покрај моите колеги. Навредите станаа неподносливи. Сама седам во клупата бидејќи сум сиромашна. Најверојатно ќе морам да го сменам и училиштето бидејќи воопшто не можам да се сконцетрирам на учење“ – вели ова 12 годишно девојче, со растреперен глас додека зборува за изолацијата и психичката тортура на која секојдневно е изложена од страна на сите 28 ученици во шестото одделение од основното училиште, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Класниот и школскиот педагог се обидуваат да го решат проблемот но тешко. По родителскиот состанок обично малку ќе се смират кога станува збор за навреди и омаловажувања, но набргу се станува исто.

Advertisement

А еве и како започнаа нејзините проблеми:

„Главната причина е што сум сиромашна. Ние сме сиромашни, а во моето одделение нема никој што е посиромашен од мене. Затоа немам ни „најк“ патики ни „дизел“ фармерки. Обично го носам она што го носела мојата постара сестра. Немам ни „ајфон“. Мојот телефон повеќе не работи отколку што работи. Толку стар мобилен нема никој во класот. ’Носиш партали, погледни колку си дебела’ слушам речиси секој ден од останатите деца во училиштето, а тоа е само мал дел од навредите што ги слушам на моја сметка. Не ми е јасно зошто тоа што сум сиромашна е причина со мене никој да не се дружи или зошто постојано ме навредуваат. Вистина, мојот татко е обичен работник, не носи облека и вратоврска, па затоа откако се појави во школото на отворена врата го прогласија дека е алкохоличар“ – продолжува Марија својата тажна приказна за психичкото малтретирање што го трпи од врсниците.

Не и е јасно ни зошто нејзината мајка ја прогласиле за курва, освен што знае дека така ќе ја расплачат. И се потсмеваат и си поигруваат со неа и тоа е единствениот начин на кој сокласниците комуницираат со неа. Тие постојано се обидуваат да бидат што полоши кон неа и да ја држат во потполна изолација. Кога повеќе не можела да го издржи малтретирањето, на крај побарала помош од нејзината класна учителка.

„Не можам да кажам дека никој не сакам да ми помогне, но засега не гледам успех во тоа. Во моментот одам кај психологот и мислам дека на крај ќе морам да го променам и тоа не само одделението туку и училиштето бидејќи и во другите одделенија знаат што ми прават па не верувам дека би поминала подобро“, вели таа.

„Додека трае одморот јас седам на своето место во класот. Тоа ми е подобро отколку да стојат сама во школскиот ходник, бидејќи никој не сака да ми се доближи освен да ми дофрлат во минување – Што гледаш, сакаш ли и ти ваков мобилен? Ќе те сликам во тие партали да видиш колку си убава! Најлошо ми е кога тоа го прават на час. Ќе ме викне професорката да одговарам, а тие се смеат, се крекаат и ме сликаат со телефонот. Додека професорот не гледа, ме маваат со хартивчиња. Неодамна требаше на професорката да и ја покажам домашната работа по хрватски, но ми ја немаше тетратката. Ми ја сокрија во друго одделение во плакарот. Случајно неколку дена подоцна ја најде една професорка. Не можам да се сконцетрирам на одговарање бидејќи тие постојано нешто изведуваат, си шепотат и со прстот покажуваат на мене“, вели таа.

На прашањето дали ја тепаат, Марина одговара негативно. Но додава дека понекогаш би и било полесно да ја удрат, отколку да и го прават сето тоа само затоа што е сиромашна и што нема сите оние помодарски новини кои родителите на другите деца можат да им ги купат. Во моментов и помага класната, педагогот и нејзината мајка.

Пред почетокот на новата школска година размислував воопшто да не одам на училиште. Знам дека основното е задолжително, но вака јас никогаш нема да завршам. Сите 28 ученици во одделението секој ден смислуваат нови ужаси со кои ќе ме навредуваат и малтретираат, а јас тоа се потешко го поднесувам, ја завршува својата приказна Марина со својот детски, растреперен глас за „Јутарњи лист“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button