Реклама
Наши ѕвезди

Совршен микс на неа и сопругот: Јелена од Драчево покажа колку пораснал нејзиниот син – ќе ве стопи

Реклама

Таа е една од најпопуларните актерки во моментов во Македонија. Нејзината популарност е оправдана со успесите кои ги реди во својата кариера.

Јелена Јованова или Јелена од Драчево како што ја знае публиката, е актерката која не засмејуваше сите во македонската хумористична серија „Преспав“.

Маркетинг

„Јелена рецепционерката е еден ултра забавен, никогаш здодевен и инспиративен лик. Безгранично отворен за игра, весел и неисцрпен карактер. Од неа може да се очекува буквално сè и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Но, Јелена не е само моја креација. Јелена е непрекината синтеза од креативноста на сценаристите Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова, Алек Попов, Александра Миланова и Дељана Манева, режисерските индикации на Игор Иванов, Вардан Тозија и Даријан Пејовски, беспрекорниот костим на Емилија Ивановска Атанасовска и шминката на Ирена Сенокозлиоска и Наталија Кајевска. А за нејзиното постоење надвор од „Преспав“ си посведочив веќе неколку пати, кажа Јелена за „Женски магазин“.

Маркетинг
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Како нејзино најголемо професионално достигнувње се смета улогата во филмот кој го режираше Анелина Џоли „Во земјата на крв и мед“.

Јелена многупати во медиумите изјави дека останала во контакт со Џоли и по снимањето на филмот. Во опис на фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи, а на која позира со Џоли, напиша дека таа е жената којашто ѝ го сменила животот.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Јелена имаше турбулентна година зад себе, а сега конечно ужива во сите убавини што ѝ ги нуди животот.
Таа од 2015 година плови во брачните води со хрватскиот актер Стјепан Периќ.

Првите фотографии од свадбата Јелена ги објави две години по свеченоста кога за прв пат покажа како изгледаше во венчаницата во полн сјај.

Како што можете да видите, убавата актерка избра да носи креација која е тесна во горниот дел, со 3/4 ракави, со големи, волуменизирани карнери во долниот дел кој е со асиметричен крој. Она што секако е за пофалба е тоа што Јелена избра да носи фустан со потписот на една од нашите најдобри дизајнерки, Тања Кокев, а имаше и пократка варијанта со кој ги истакне нозете.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Судејќи според фотографиите, гостите убаво се забавувале на свадбата, а и младенците биле поприлично весели.
„Ни Стјепан ни јас не сме луѓе што се занимаваат со тужите живот. Не се криевме, бидејќи љубовта не е нешто што би го криела. Едноставно не сме луѓе што мислат дека тоа некому му е важно. Ние знаеме и тоа е доволно“, изјави своевремено Јелена за хрватските медиуми.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Минтата годин во јуни на Стјепан и Јелена им се случи најубавата работа што може да е случи на еден пар. Тие станаа родители на нивното прво дете, синот Јаков.

На својот Инстаграм профил таа објави семејна фотографија која ја грее душата. Иако никогаш досега не го покажала лицето на својот син, сепак мора да се признае дека тие се навистина едно складно семејство.

-Ова е дел од мојот живот, овој дел тука – ова се нарекува среќа, стои во опис на фотографијата.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Во интервју за хрватскиот магазин „Стори“, на прашањето по што ќе ја памети 2020 година, Јелена одговори дека тоа е тешка година, но дека сепак ќе ја памети по раѓањето на својот син Јаков.

– Ако оваа година беше сценарио за холивудски филм, тогаш би рекла: „Малку претеравте“. Но, очигледно би погрешила. Вистински емоционален вртлог ни донесе 2020 година, а на врвот на пиедесталот секако дека е Јаков – вели Јованова.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Деновиве актерката сподели нова фотографија од нејзиниот син, на која се гледа дека малиот Јаков потпораснал.
Фотографијата предизвика воодушевување кај нејзините следбеници, па брзо по објавувањето собра многу лајкови и коментари.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Јелена вели дека нејзиниот син е бистар, забавен, многу сладок. Весело, насмеано и љубопитно бебе.
На прашањето на кој повеќе личи таа изјави: „Mислам дека е совршен микс од двајцата“.

ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм
ФОТО: Јелена Јованова / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button