Совет од врвен експерт како да разликувате корона од грип: На децата ако им тече нос тогаш имате сигурен знак за ОВА
Професорот Тим Спектор од Кингс колеџот во Лондон им објаснува на родителите како да ги разликуваат симптомите на сезонски грип од коронавирусот.
Тој меѓудругото вели дека „носот кој тече, кивање и затнат нос“ упатуваат дека тоа дете сигурно нема коронавирус туку само е настинато.
Професорт Спектор, кој покрена и Апликација за проучување на симптомите на коронавирусот, стои зад истражувањето на најчестите симптоми на коронавирусот кај училишните деца.
Според неговите зборови, најчестиот симптом е замор (кај 55 отсто од неговите испитаници), главоболки (55 отсто) и температура (49 отсто). Кај возрасните, зачестеноста на симптомите е следна: замор (87), главоболка (72 отсто), губење на сетилото за мирис (60 отсто).
Ниту возрасните ниту децата заразени од коронавирусот од симптомите немале растечен нос, вели овој експерт.
Сезонскиот грип и коронавирусот имаат слични симптоми, и дека ориентационо би можела да се утврди дијагноза по преглед и рентген на белите дробови, но дека вистински начин за разликување е лабораторискиот тест.