Совети од познатиот д-р Мозли за борба против корона: Нема лекови или суплемент – вака најдобро ќе го зајакнете вашиот имунитет!
Само со силен имунитет можеме да се справиме со сите вируси и болести.
Престојот дома нè чува од заболување од новиот вирус со којшто се соочуваме. Покрај тоа што поминуваме време во домот треба да избегнуваме средби со што е можно помалку луѓе, силниот имунитет е исто така клучен за успешна борба против вирусот.
Д-р Мозли предупредува дека е голем ризик само да се седи дома па затоа предлага најмалку 20 минути во денот физичка активност.
„Вежбањето е најдобриот начин за зајакнување на вашето тело и имунитет. Ова не вклучува исцрпувачки тренинг, умерена физичка активност е доволна за да му се овозможи на телото да се справи со каков било надворешен напад “, рече докторот.
„Исхраната е важна, но без активност, нема резултати“, додава тој. „Активноста мора да биде континуирана и да ги активира сите мускулни групи“, објаснува тој.
Доколку деновите ги поминувате во изолација седејќи, го зголемувате ризикот од хипертензија, дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и карцином, сите овие се фактори на ризик за добивање на коронавирусот.
Лекарот потенцира дека без оглед каква физичка активност ќе изберете, важно е само да се потите и да не дозволите мускулите да атрофираат.
„Играјте на музика и танцувајте 15 минути, третајте низ дворот, што и да одберете ќе биде добро“, објаснува тој.
Foto: Profimedia