Снимката од настапот на Стојне во Прилеп го „запали“ интернетот – пејачката никогаш не била посекси
Гола половина и високи чизми
Познатата пејачка во провокативен фустан
Нашата позната пејачка Стојне Николова е позната како една од оние пејачки што знаат да направат одлична атмосфера.
Каде и да настапи со својот бенд забавата е загарантирана, а впрочем така беше и на нејзините последни свирки.
Имено, Стојне деновиве имаше настап во еден ресторан во Прилеп, а покрај својот беспрекорен глас публиката ја воодушеви и со својот изглед. Имено, пејачката за ова пригода избра црн асиметричен фустан со големи отвори во пределот на половината откривајќи го речиси целосно својот рамен стомак.
Стојне на настап во Делчево
Таа целото издание го зачини со длабоки црни чизми над колена додека косата и беше врзана во високо коњско опавче.
Инстаграм/ Стојне Николова
И веднаш штом се фати за микрофонот, настана лудило, посебно за оние што седеа во првите редови.
Црниот фустан со големи отвори што Стојне го носеше дополнително ја стави во преден план нејзината заводливост, посебно откако пејачката реши да зачекори меѓу гостите и да им пее одблиску.
Инстаграм/ Стојне Николова
Таа цело време беше насмеана и одлично расположена, а оваа своја енергија очигледно и овој пат ја пренесе на сите.
Инстаграм/ Стојне Николова
Како Стојне изгледаше во ова издание, но и како сите во еден глас пееја заедно со неа, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Стојне Николова
По фотографиите следува и видеото од овој настап…