Снаата на Цеца блеска и тоа само месец дена по породувањето – никогаш не изгледала поубаво
Младата мајка ужива во мајчинството
Кога се појави ги воодушеви сите…
Богдана и Вељко Ражнатовиќ својот син Крстан го крстија на Спасовден, кога мајката никого не стави рамнодушен со својот изглед.
Облечена во долг бел фустан таа блескаше на крштевката, а многумина беа воодушевени од нејзината линија.
Имено, Богдана за само месец дена успеа речиси сé да „врати“ на место и повторно изгледа занесно како и пред бременоста.
Целиот настан го овековечи екипата на „Цеца шоу“ кои овие снимки ги направија специјално за оваа емисија на „Блиц“.
По неколку дена од крштевката тие го прославија и третиот роденден на постарото братче на Крстан.
Имено, малиот Жељко наполни три години, но заради трагедијата што деновиве и се случи на Анастасија, прославата беше интимна.
Во кругот на најблиските и семејството малиот Жељко го славеше роденденот, а целиот простор беше украсен во сини нијанси, со мотиви од цртаниот филм „Патролни шепи“.
Малиот Жељко беше највесел додека ги гаснеше свеќичките на тортата на неколку ката, а другарчињата му ја пееја роденденската песна.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм