Пред неколку дена Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов ја прославија првата годишнина од бракот а парот пред неколку месеци го доби синот Александар.
фото инстаграм/Сашка Веселинов
Тие уживаат во родителството а Сашка откри дека обврските околу синот им се поделени, односно дека подеднакво се грижат за наследникот.
фото инстаграм/Сашка Веселинов
– Често слушам како жените велат: „Мојот сопруг не ми помага со детето“. Не можам да ги разберам тие жени и како воопшто се согласуваат на врски во кои не се подразбира взаемна грижа за детето?!
фото инстаграм/Сашка Веселинов
Во нашиот случај, Александар влезе во нашите животи од чиста љубов. Едвај чекавме да го запознаеме, па заедно ги извршуваме сите обврски околу него. Мислам дека тоа е нормално и природно – изјави сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, а потоа проговори за проширување на семејството.
фото инстаграм/Сашка Веселинов
– Навистина уживам во секој момент со Александар. Често се случува да го разбудам со бакнежи, не можам да ја објаснам таа врска меѓу него и мене.
фото инстаграм/Сашка Веселинов
-Но, јас сум навистина многу млада, имам само 23 години и не се брзам. Секако, ќе бидам среќна доколку нашето семејство се прошири во иднина – заклучи дизајнерката.
фото инстаграм/Сашка Веселинов
– По природа сум многу емотивна, па улогата на мајка уште повеќе ме возбуди и ми разбуди некои нови чувства. Навистина, сите коцки се поклопија во нашето семејство, секој ден чувствувам благодарност и мир, затоа што сега се е на свое место – рече таа, а потоа откри дали наследникот и задава слатки болки:
фото инстаграм/Сашка Веселинов
– Секој ден ми е полн со акција, навистина никогаш не ми е досадно. Тренирам секој ден, успевам да креирам и нови колекции, често одам во мојот салон за венчавки, а исто така со бебето поминуваме што повеќе време на чист воздух. Александар е прекрасно бебе и не ги буди родителите навечер, често на шега велиме дека проблемот е во нас постарите, и дека е многу лесно да се функционира со него. Ретко го слушаме како плаче, а кога го слушаме, точно знаеме што му треба. Среќни сме поради тоа какво бебе имаме, или ние придонесовме неговата енергија да биде таква, во секој случај сме задоволни. Едноставно е, не можете да ги измамите децата и животните, нивната интуиција е многу силна истакна Сашка по породувањето.