Снаата на Новак Ѓоковиќ бесна поради коментарите дека се здебелила: “Како немате срам да коментирате на штотоку породена жена”
Сашка откри дека има автоимуна болест...
Сашка Веселинов Ѓоковиќ, сопругата на братот на Ноле, Ѓорѓе Ѓоковиќ, реши да открие низ што поминува и што ја мачи во последно време.
Таа била револтирана од коментарот на нејзиниот профил на Инстаграм, па решила да реагира.
– Како со вегетаријанска исхрана успеа да качи 21 килограм? Секоја девојка која во бременоста се здебелила повеќе од 13 килограми, не се грижи за себе или има некаков проблем со шеќерот или хормоните – беше коментарот кој и падна во очи на Сашка Веселинов.
– Прво и основно, многу е важно чувството на срам да се врати во секојдневниот живот. За жена, мајка, која штотуку се породила и чиј живот е целосно променет, не е соодветно да се изјаснуваат такви работи и со тоа да се врши притисок, како и да се влијае на низа психолошки проблеми кои можат да се појават – напиша таа на социјалните мрежи.
-Имено, како што ви напишав, изгубив 15 килограми веднаш и таа состојба ме наведе да закажам прегледи и да откријам каде лежи проблемот, имајќи предвид дека и пред бременоста често имав проблеми со задржувањето на водата – додала Сашка.
– Ме немаше неколку дена бидејќи дознав дека имам автоимуна болест, попозната како Хашимото. Станува збор за забавена работа на тироидната жлезда. За да не пишувам поопширно, ниту моментално сум расположена за вакви теми и се трудам да го извлечам најдоброто од ситуацијата, секогаш кога некому ќе му напишете порака која содржи навредлива содржина, знајте дека можеби вие сте последната капка која ја прелила чашата. Засрамете се! – заклучи снаата на тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Инаку, Сашка се породи пред два месеци и на свет го донесе наследникот Александар, кој стана центар на светот за Ѓорѓе и неа.