Снаата на Брена во краток шорц, кожен кopcет и чизми до колковите – социјалните мрежи гopaт, а реагираше и свекрвата!
Сите зборуваат за ова издание на познатата пејачка
Пејачката Александра Пријовиќ со новите фотографии што ги објави на социјалните мрежи ги воодушеви сите.
Таа го истакна своето тело и за помалку од еден час собра преку 15.000 лајкови, додека коментарите само се редеа.
Таа позираше во несекојдневно издание – носеше црн кожен корсет, краток шорц и долги црни чизми.
Нејзината коса беше врзана во високо коњско опавче, а целото издание го зачини со преубава шминка.
Нејзините фанови беа воодушевени, а меѓу првите реагираше и Лепа Брена која и остави коментар полн со емотикони.
Тајната на нејзиниот неодолив шарм
Кога Александра Пријовиќ ќе се фати за микрофонот публиката се крева на нозе, а покрај вокалните способности пејачката секогаш и изгледа убаво.
Таа во секоја пригода изгледа „скоцкано“ од глава до пети, а најчесто се води според мотото „помалку е повеќе“ што е совршен рецепт кога е модата во прашање.
Инаку, пејачката се породи во март 2019 и за многу кратко време успеа да се врати во топ форма.
Таа очигледно одлично ги менаџира деловните обврски и оние околу мајчинството, а беше поприлично активна и за време на бременоста со малиот Александар.
Но она што го забележаа сите по породувањето беше тоа дека новопечената мама го промени стилот, и сега изгледа попровокативно, а и нејзината шминка е посилна од она што публиката е навикната да ја гледа.
Тоа впрочем го покажа и со своето последно издание во кое изгледаше мошне самоуверено и провокативно.
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Пријовиќ
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа мама?