Реклама
Наши ѕвезди

Снаата на Брена бара развод? Нервозна е заради бебето, но и загрижена коронавирусот да не ги фати и свекорот и свекрвата

Реклама

И познатата пејачка Александра Пријовиќ е при крај со нервите заради карантинот …

Пејачката Александра Пријовиќ е многу загрижена за својот син Александар и сериозно се придржува до сите совети на епидемиолозите. Никој освен нејзината мајка не може да дојде во нејзината куќа, надвор излегува само до портата, а тоа сам, веројатно во друштво на својата мајка.

Маркетинг

Таа дури и не оди на посета кај Брена и Боб кои исто така се забарикадирале, пишува српскиот „Свет“.

Иако нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, исто така, се согласи да биде што е можно повнимателен и дисциплиниран, тој го прекрши договорот и со малиот Александар без да и каже се прошета до своите родители.

Маркетинг

После тоа Прија полуде, пренесува овој медиум!

Пријовиќ со Брена и својата мајка Борка

Периодот на изолација е тежок за секого, особено за оние кои не се навикнати да седат дома, а кога ќе се додаде стравот за детето, тоа е одличен рецепт за кавга со партнерот.

Фото: Инстаграм

Александра ја сфати ситуацијата колку што е можно посериозно, додека Филип смета дека нема да му биде ништо ако прошета и ги посети Бобан и Брена, кои живеат во близина. Тој и Прија обично се согласуваат за сé и се договараат, но природно е маж и жена понекогаш и да се расправаат кога постојано се заедно. Секако, Александра е потемпераментна од него кога станува збор за расправии. Кога е налутена, знае да му каже па во еден момент и му се заканила дека ќе се разведе ако тој уште еднаш не го испочитува нивниот договор. Се разбира, таа не го мислеше тоа сериозно. Сето тоа беше речено во некаков страв и потреба да го заштити детето затоа што тој го изнесе надвор и кога се врати и кажал дека бил кај неговите. Таа во истиот момент се исплашила, а потоа збеснала. На прво место, таа е загрижена за бебето, иако лекарите велат дека децата не се разболуваат д болеста, туку само го пренесуваат вирусот. Но таа е загрижена и за Брена и Бобан затоа што се луѓе во години, па нема потреба да се заразат. Особено бидејќи Брена има голем број здравствени проблеми. Таа едвај се извлече од својот проблем со тромб, и оттогаш е на терапија и посебен режим на живот, така што секоја посилна инфекција може да предизвика компликации кај неа – изјави за Свет извор близок на Живојиновиќ.

Александра и нејзината мајка Борка (Фото: Инстаграм)

Инаку, Александра порасна заедно со својата мајка Борка Михајловиќ, која од нејзиниот татко Недељко Пријовиќ се разведе кога таа имала само три години. Затоа денес пејачката постојано истакнува дека на својата мајка и е многу благодарна за големата пожртвуваност за неа, бидејќи не живееле во раскош, но секогаш се обидувала на својата ќерка да и овозможи се’ што и треба.

Борка исто така е пејачка и од пеење во кафеани заработувала и ја издржувала својата ќерка како самохрана мајка.

“Многу често кога гледам во видеата на Александра, се тресам и мислам дека сум јас. Двете навистина немааме ништо заедничко во однос на изгледот.“, изјави во една пригода нејзината мајка Борка.

Мајката на Александра (Фото: Инстаграм)

„Таа апсолутно не личи на мене. Таа изгледа како татко и, и баба и. Немаме исти очи, нос, линии. Но, има нешто за што многумина велат дека е иста како мајка. Само кога таа престанува да пее, тогаш се случува нешто и таа е иста како мене “, објасни тогаш Борка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button