СМРТТА НА АНДРИЈАНА ГИ МАЧИ НАЈБЛИСКИТЕ: Се огласи ТАТКОТО за ТРАГЕДИЈАТА, еве каде биле нејзините другарки во тоа време

Веста за смртта на оваa девојka погоди многумина
Андријана Лазиќ починала на 10-ти јануари во Дубаи, три дена откако заминала на одмор со другарките

Како бомба одекна веста дека пејачката Андријана Лазиќ трагично загинала на 10-ти јануари во Дубаи, паѓајќи од 24-от кат на една зграда.
Андријана на седми јануари со другарките заминала во Дубаи, а три дена подоцна починала, дознава „Телеграф“.
Андријана е од Бјелина, родена на втори ноември 1995 година. Таа неодамна снимила две песни со познатиот композитор Горан Ратковиќ Рале и сакала да започне сериозна музичка кариера.
Според локалните медиуми, таа сакала да патува и често посетувала егзотични дестинации со своите пријатели.

Андријана Лазиќ била дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.
Пејачката Андријана Лазиќ почина на 10 јануари во Дубаи, а тажната вест ја потврди нејзиниот татко Небојша Лазиќ.
Тој сега едвај има сила да зборува за случајот, за што посочува дека се уште не знае што точно се случило.
– Утрото на 10 јануари добив информација. Таа замина на 7-ми, а требаше да се врати на 11-ти јануари. Утрото ми се јавија, не знам што се случи… Го имам само полицискиот извештај што го испратија – раскажал очаен Небојша со грутка во грлото.

– Слушнав дека е несреќа, пишува дека паднала од височина. Телото треба да пристигне вечерва во Белград, утре е погребот – изјави таткото на покојната Андријана.
-Со Рале аранжираше песни, требаше да излезе околу српската Нова година, нешто слично. Луѓето имаат само пофални зборови за неа, нема на кого не му помогнала – рече тој.
На прашањето што велат нејзините другарки кои биле со неа, Небојша рекол:
-Пријателите кои биле со неа спиеле, кога станале не знаеле што се случило. Ништо не видоа, спиеја – откри за Република таткото на Андријана Лазиќ.




