Мајката на Луна ги воодушеви сите
Луна Џoгани пред извесен период го пушти спотот за својата прва песна „Деветти круг“ која веднаш стана хит. Победничката во српското реално шоу „Задруга 2“ деновиве на својот профил на Инстаграм објави и како нејзината песна ја пее нејзината мајка, пејачката Анабела Атијас.
„Мојата мајка“ напиша Луна под видеото.
https://www.instagram.com/p/B1pB55boxc_/?utm_source=ig_embed
Ако судиме според коментарите, Анабела одлично звучи додека ја пее песната на својата наследничка.
Само да потсетиме, кога Луна ја промовираше песната, многумина се посомневаа дека тоа не е нејзиниот глас. И бидејќи придружните вокали ги пее Македонката Антониа Гиговска, сите мислеа дека гласот во песната е нејзиниот. Затоа и самата Антониа мораше да објави видео и да ги демантира овие гласини, а нејзиното видео го објави и Луна.