Реклама
Вирално

Слободан одгледува 25 крави, избра да остане во село и не се срами од својата работа: Еве што им порача на младите кои бегаат во градовите!

Задоволен е од својата работа...

Реклама

30- годишниот Слободан Ранисављевиќ од селото Бабина Лука кај Ваљево никогаш не размислувал да го напушти родното место.

фото Фејсбук/Слободан Ранисављевиќ

Иако е млад и многумина на негови години би сакале живот во град и стабилна работа, сепак Слободан за српски Блиц открива дека сточарството го исполнува и дека својата иднина ја гледа на село.

Маркетинг

фото Фејсбук/Слободан Ранисављевиќ

Неговото семејство веќе три генерации се занимава со сточарство во селото Бабина Лука кај Ваљево.

Маркетинг

„Дедо почна да одгледува стока, татко ми продолжи, а јас избрав да останам во селото“, вели Ранисављевиќ

.

фото Фејсбук/Слободан Ранисављевиќ

Слободан вели дека е задоволен од тоа како оди работата и на фармата имаат 25 крави, 8 бикови и 10 телиња.

Слободан за разлика од своите врсници уште од мали нозе знаел дека сака да ја развие семејната фарма.

фото Фејсбук/Слободан Ранисављевиќ

„Работните навики ги стекнав во детството и ништо не ми е тешко. Кога некој работи континуирано, стекнува сопствена механизација и знае да чува стока, може добро да се живее од оваа работа. Ако човек е скромен, тогаш може со чиста совест да каже – задоволен сум од тоа што го имам“, вели младиот земјоделец, за Блиц.

фото принтскрин/Блиц.рс

Освен што одгледуваат стока, чуваат и овци и свињи за свои потреби, па дури и два коња кои се на имотот од чиста љубов.

фото Фејсбук/Слободан Ранисављевиќ

„Многу значи да се негува традицијата. Од самото раѓање гледав како моето семејство инвестира во нашиот имот и колку тоа значи дека луѓето имаат доверба во вашиот производ. Со млекарницата Имлек соработуваме 30 години и клучно е да се задржи високиот квалитет на млекото во толкав временски период“, вели Ранисављевиќ.

фото принтскрин/Блиц.рс

„Земјоделството ми дава еден вид исполнување и слобода. Кога човек сам си е газда, кога си вели – ова го правиш за своето семејство и кога знае дека работи за себе, а не за некој шеф, тогаш ништо не е тешко“, истакнува Слободан.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button