Реклама
Наши ѕвезди

Слоба Радановиќ наскоро станува татко? Пејачот се огласи и ги изненади сите – ова најмногу ги разнежи неговите фанови

Реклама

Тие веќе неколку месеци работат на бебето

Бидејќи веќе одамна се пишуваше дека Слоба со својата избраничка Јелена Џуричанин наскоро би требало да застане на лудиот камен, нема сомнеж и дека наскоро сакаат да се остварат во улога на родители.

Маркетинг

А пејачот и со својата последна објава ги воодушеви сите. Тој позираше додека во рацете држи бебе, а сите што ја видеа фотографијата се убедени дека ќе биде одличен татко и дека тоа ќе му стои одлично.

Како што е веќе познато, пејачот и неговата избраничка веќе неколку месеци работат и на бебе, но како што пишува српскиот таблоид Ало, едноставно, заради стресот и брзиот начин на живот, не им оди.

Маркетинг

Инаку, неодамна во српските медиуми се појавија вести дека Слоба и неговата девојка Јелена Џуричанин имале расправија кога неговата поранешна сопруга Кристина Кија Кокар се појавила во едно кафуле, каде тој требаше да пее како дел од хуманитарната вечер.

Оттогаш, во медиумите се слушаат приказни во кои се вели дека сегашната избраничка на Слоба е љубоморна на Кија, а во прилог на ова зборува и тоа што Јелена на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, наводно, случајно ја лајкувала фотографијата на Коцкар во костим за капење, објавена од фан-страницата на поранешната сопруга на Слоба.

Најверојатно на Јелена тоа и се „испуштило“ додека внимателно го набљудувала телото на Кија.

Фото: РАС

Но и покрај овие вести, очигледно дека на Слоба и Јелена им оди одлично во врската.

Фото: Инстаграм/ Слоба Радановиќ

Поврзано

Back to top button