Следува леден бран и снегови – УХМР со најнови детали

Според УХМР, во текот на денешниот ден (четврток, 16 ноември) времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер и со максимални температури до 18 степени.
И за в петок се најавуваат максимални 17 степени, но попладне, под влијание на нов влажен и студен бран, ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

фото пекселс
Снег во сабота се очекува и на нешто пониска надморска висина односно над 700 метри.
Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер.

фото пекселс
Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со слаби локални врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

фото пекселс
Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно со провејување на слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен северен ветер.
Од УХМР најавуваат и снег
Денес ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

фото пекселс
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер.
Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.




