Слаткар сподели преубава вест, цел ден му пристигнуваат честитки – Браво царе, Солун е македонски
Овие неколку дена најпознатиот македонски репер имаше неколку убави причини за славење
Прво спотот, а сега и роденден
Нашиот познат музичар Марко Маринковиќ – Слаткаристика покрај своите настапи ова лето секако дека не заборава и на работата во студио.
Па така тој деновиве ги изненади своите верни фанови со нова песна за која слободно можеме да кажеме дека веќе е голем хит.
Станува збор за нумерата „Налеј“ инспирирана од легендарната македонска народна песна, но во која тема е љубов.
Принтскрин/ Јутјуб
Песната освојува на прво слушање, што и не треба да чуди кога станува збор за музичар од рангот на Слаткаристика.
Инстаграм/ Слаткаристика
Спотот е снимен во Солун, што посебно ги воодушеви неговите фанови, како русокосата убавица што се појавува во него.
И ако судиме според овие коментари, новата песна серозно претендира да стане нов летен хит.
„Прејака песна. Браво царе!“, „Солун Македонски“, „Браво Марко, ова фалеше“, „Најдобриот“ се само некои од коментарите што стојат под нумерата што може да ја слушнете во видеото под текстот.
Инстаграм/ Слаткаристика
Милион честитки и за роденденот
Потсетуваме, Слаткар вчера го прослави својот 38 роденден, па тој на својот профил сподели бројни честитки од пријателите.
Инстаграм/ Слаткаристика
Инаку, Реперот оваа година ќе слави и 10-годишнина брак со поранешната манекенка Сања Николиќ, а круна на нивната љубов е синот Моша со кого и двајцата се неразделни.