Наши ѕвездиХоливуд

Славниот актер ги изненади сите: Шварценегер донесе магаре на работа

Advertisement

Терминаторот се пофали своите домашни миленичиња кои му правеа друштво во канцеларијата.

Арнолд Шварценегер е атипичен по своите потези во јавноста, поради што ги освои срцата на своите фанови ширум светот. Сега актерот ги изненади сите кога на својот Инстаграм профил објави снимка на која открива дека на работа ги донел своите миленичиња – магаре и пони.

Advertisement

Иако славниот терминатор поседува огромни возила како „хамери“, се одлучи до канцеларија да ги прошета и своите миленичиња. Преслаткото магаре Лулу имаше друштво – едно пони коњче. Во текот на посетата на неговото работно место актерот им подготви и закуска, па така магарето и понито имаа вкусни грицки.

Своите животни Шварценегер ги донесе со оглав, а Лулу посебно го освои вниманието на вработените кои ја галеа и хранеа. На симпатичната снимка се гледа како магаренцето и понито душкаат по столовите, а актерот ги гали и се смее. Неговите фанови полудеа од среќа и потегот на холивудската ѕвезда ја оценија како работен ден од соништата.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button