Реклама
Наши ѕвезди

Славната убавица до детали ја опиша својата борба со коронавирусот: Се излекував целосно, еве како изгледаше сето тоа

Реклама

Актерката Олга Кириленко објави на својот Инстаграм профил дека целосно се опоравила од коронавирусот две недели откако ги почувствувала првите симптоми на болеста.

Поранешната Бонд девојка сподели фотографија со синчето Александар, а покрај неа напиша дека сега е здрава, по што направи мала рекапитулација на целата болест.
„Целосно се опоравив. Да рекапитулирам: Недела дена се чувствував прилично лошо и главно бев во кревет, спиев, со висока температура и силна главоболка. Втората недела температурата исчезна, но се појави блага кашлица и се чувстував многу уморно. До крајот на другата недела бев целосно добро. Кашлицата речиси целосно исчезна, се уште често кашлам наутро, но потоа не се појавува во текот на денот. Добро сум! И сега само уживам, се опуштам и размислувам за многу работи и го поминувам времето со мојот син“, напиша таа на Инстаграм.

Да потсетиме, Олга на следбениците на социјалните мрежи известуваше за својата состојба. „Внимавајте на себе и сфатете го ова сериозно“, порача убавата 40-годишна актерка пред неколку дена.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button