Реклама
Наши ѕвезди

Слави семејството Иванови – им се роди ПРВОТО ВНУЧЕ, таткото го откри и пoлoт на бебето!

Реклама

Во домот на поранешниот претседател на Македонија има голема и најубава причина за славење. Целото семејство е пресреќно.

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

Универзитетскиот професор Ѓорѓе Иванов беше претседател на нашата земја од 2009 до 2019 година, кога на негово место дојде актуелниот претседател Стево Пендаровски.

За време на претседателските избори во 2009, Иванов добил поддршка од повеќемина јавни личности од академската, политичката, културната, и спортската фела.

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

Во приватниот живот е посветен сопруг и грижлив татко.

Маркетинг

Оженет е со госпоѓата Маја Иванова, а плод на нивната љубов е синот единец – Иван Иванов.

Од политички науки, вљубеник во музиката, до инспиративен поет, Иван целиот мандат на неговиот татко беше негова најголема поддршка и гордо стоеше зад него, но никогаш јавно не се експонираше.

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

Она што за него се знае е дека е во брак со убавата Јана.

Маркетинг

Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва.

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

Информацијата за нивната веридба прв ја сподели самиот Иван, кој објави нивна заедничка фотографија.

„Од сега па за навек. Јана“, стои во описот на фотографијата.

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

Во едно свое телевизиско интервју Иван за својата Јана кажа дека уште од самите почетоци на нивната врска знаел дека токму таа е вистинската.
Јана го освоила со нејзината природност.

Според фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, на свадбената церемонија присуствувале најблиските роднини на семејството, како и најблиските пријатели на брачниот пар.

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

За оваа прилика невестата одбра розева венчаница,преку кој наѕираше и трудничкото стомаче. Младоженецот пак одбра класичен костим.

Поради пандемијата тие се одлучија за мала забава, но Иван истакна дека ја обожава македонската традиција и дека откако ќе заврши целата ситуација тие ќе направат и голема македонска традицонална свадба.

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

Но, сега семејствата на Иван и Јана имаат уште една причина за славење.

На 4 април се роди и првото внуче во двете фамилии.

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

На Фејсбук профилот на Иван веднаш почна да се редат честитки од најблиските, а таткото на Јана го откри и полот на бебето.

„Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World“, напиша тој на Фејсбук.

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

ФОТО: Фејсбук / Атанас Кочов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Иван Иванов

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

ФОТО: Фејсбук / Ѓорѓе Иванов

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button