Славица Заева е горда на својата ќерка – погледнете ја оваа заедничка фотографија на Ева Заева со нејзиното семејство
Ева Заева, внуката на премиерот Зоран Заев, важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи.

Познатата струмичанка со своите фотографии како од приватниот живот, така и од нејзините модни изданија постојано ги изненадува своите пријатели и следбеници, а овој пат им приреди вистинско изненадување.
Имено, убавата бринета и го честиташе роденденот на својата мајка, Славица Заева, која деновиве го прослави заедно со најблиските и пријателите, а на нејзиниот профил на социјалните мрежи Инстаграм објави неколку фотографии од раскошната прослава.

На една од фотографиите пак, што ја објави славеничката, Ева позира во речиси идентичен фустан со нејзината мајка. Во прашање е долга тоалета во впечатлива розова боја во која и мајката и ќерката изгледаат прекрасно. Гордата мама под фотографијата на која покрај децата е и нејзиниот сопруг, Вицето, напиша „Proud“, притоа алудирајќи на евровизиската песна на Тамара која пејачката ја посвети на девојките што се борат со предрасудите во животот.
Под нејзината фотографија следуваше и еден преубав коментар за кој сме сигурни дека ќе ви се допадне.
„Децата се огледало на родителите, прекрасни сте!“