Славица Ангелова за триумфот во „Ѕвездите на Гранд“ – Македонија победи, не јас, вели идната докторка
Младата пејачка од Македонија не крие дека се уште не се снаоѓа на естрадата, но и дека за победата најмногу и е благодарна на публиката од својата земја
Победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, со својот шарм и неверојатен глас ги освојува сите кога е на сцената.
Но кога ќе се изгаснат рефлекторите, Славица е речиси непрепознатлива, една мирна и тивка млада дама, максимално посветена на своите студии и една потполно нормална девојка без разлика на нејзината слава. Таа неодамна во интервју за „Гранд.онлајн“, откри како успева да го усклади таквиот свој мирен темперамент и динамичниот естраден живот.
И како што самата вели, она со што се занимава како пејачка воопшто не е лесно и се уште чувствува голем стрес како и на почетокот.
Од омилените пејачи, покрај Бијонсе, таа не заборави да го спомене и Тоше Проески, но и неприкосновената Калиопи.
Во текот на емисијата водителката и предложи да сними дует со уште еден колега од Македонија, Александар Јосифовски, а оваа идеја секако дека и се допадна додавајќи дека станува збор за уште еден феноменален вокал кој исто така има и прекрасна енергија.
„Тоа би било екстра, јас баш би сакала. Ќе му дадам предлог“, одговори Славица на идејата на водителката за нивниот дует.
Потсетуваме, Славица покрај својата музичка кариера, максимално им е посветена и на своите студии во Бугарија.
Принтскрин, Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Имено, таа е студентка на медицинскиот факултет, но и покрај сесиите и испитите, таа постојано настапува и работи на нови проекти.
Како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, покрај секојдневните обврски поврзани со факултетот и учењето, таа е презадоволна и од тоа како се движат работите на музички план. „После победата веднаш имав многу концерти низ целиот Балкан заедно со мојот ментор Џорџе Давид, како дел од неговиот бенд, заедно со Ивана Петерс и Александар Јосифовски. Веќе имаме договорено доста концерти и за ова лето“, ни откри тогаш шармантната струмичанка.
„Не сум 100 проценти се уште оддадена на музиката, но има време за се’ ако се сака. После победата веднаш излезе мојата прва песна за Гранд Продукција ‘Руже и крв’. За победата многупати сум рекла дека секој од нас натпреварувачите искрено ја посакуваше, така и јас, но најмногу од се ме радува колку ние Македонците сме силни заедно, поддршката што ја добив од сите вас. Не победив јас, туку Македонија“ изјави тогаш Славица.
Целото интервју со Славица прочитајте го тука…