Славата не го промени, остана човек: Легендарниот пејач ги воодушеви фановите, направи гест што сите го пофалија

Дино Мерлин еден од омилените кантавтори на бившо југословенските простори и музичар кој стекна легендарен статус со својот глас, вонвременските хитови, незапирливата сценска енергија и незаборавните концерти импресионираше со својот гест во аптека во Сараево.
Дино решил да ја плати сметката на жена која била таму, пишува порталот 072инфо.
Фото: Фејсбук профил
„Не и наплаќајте, јас ќе платам“, рече Мерлин.
Жената била изненадена, па му спомнала на пејачот дека се работи за скапи лекови, но тој останал на својата намера.
„Се е во ред, ќе платам“, ѝ одговорил на жената.
Многу фанови беа воодушевени од овој потег на Мерлин и веруваат дека славата не го променила.
Дино Мерлин зад себе има богата четириесет годишна музичка кариера. Тој прво почнал соло кариера во 1991 година под сценското име Дино Мерлин.
Текстовите на неговите песни кои, како што тој изјави во една прилика, произлегле од негово лично искуство, а тоа е и една од главните причини која му овозможува на босанската и регионалната музичка сцена да се смета за еден од најголемите автори.
Се почесто Дино употребува инструменти ориентална, етна музика, во склоп со новите звуци на електронската музика. Одличен пример за тоа е песната „Sam” со неговиот албум “Sredinom”.
Од 1991 до денес сними неколку албуми. Албумот “Sredinom” (2000) беше еден од најпродадените, ако не и најпродаден албум на териториите на цела Југоисточна Европа во последни 10 години.
Во 1983 година Дино ја основа својата музичка група Мерлин каде што пее и за која пишува текстови и музика. Со групата Мерлин снима 5 студиски албуми: Kokuzna vremena (1985), Teško meni sa tobom a još teže bez tebe (1986), Merlin (1987), Nešto lijepo treba da se desi (1989) i Peta strana svijeta (1990).
Инаку, Един Дервишхалидовиќ познат како Дино Мерлин е роден на 12 септември 1962 во Сараево.
Автор е на текстот на првата химна на Република Босна и Херцеговина “Jedna si jedina” (“Една си единствена“). Се смета за еден од најзначајните музичари во Босна и Херцеговина, но и на териториите на поранешна Југославија.