Реклама
Наши ѕвезди

Скроз гола: Смели пози од бремената Антониа Гиговска- пејачката напиша нешто од кое ќе се наежите

Пукна тиквата помеѓу пријателите Иван и неговиот долгогодишен колега, но се роди нова љубов од која се очекува плодот, син на Антониа и Роберт

Реклама

Антониа Гиговска ситно брои до моментот кога ќе се изреализира како мајка, најклучната улога за една жена.  Таа една од најсмелите познати личности кај нас кога се работи за фото сесии, многу пати била првата и единствената што ќе објави фотографии за кои не секој е подготвен.

Таа овој пат ги изненди своите фанови со професионална фотосесија скроз гола, во преден план е нејизниот труднички стомак во 36 недела од бременоста.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Единствено само еден бел свилен чаршав и го покрива голото тело.

фото/Инстаграм

Нејзината широка насмевка зборува за среќата која ја чувствува атрактивната пејачка.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Секси и во последните моменти од бременоста. Гиговска на албумот фотографии кој го објави на инстаграм напиша многу убава порака:

 Малечко мое. Се ближи крајот. Поминавме многу, а тек што не чека. Бројам ситно за да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од се! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот  силен, мојот крал! Моја копија! Те чекаме! Те сакаме„

фото/Инстаграм

Гиговска неодмана помпезно влезе во брачните води, по долгогодишната врска со фронтменот на „Либеро бенд“, Иван, таа одлучи да го каже судбоносното „ДА“ на неговиот најдобар другар и заеднички колега  Роберт Спасенцовски.

Пукна тиквата помеѓу пријателите, но се роди нова љубов од која се очекува плодот, нивното синче.

фото/Фејсбук

Ова е прво дете за Антониа и Роберт. Преку Инстаграм на публиката ѝ соопштија дека очекуваат син.

Одвреме-навреме  е присутна на социјалните мрежи, каде што преку фотографии покажува како и расте стомачето.

Неодамна таа се огласи на иснтаграм и ги откри за јавноста своите планови  за во иднина.

„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво, е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам за нив. Да бидам искрена како се близи крајот, така стравот е поголем, ама ние жените сме јаки, издржуваме се“! пишува Антониа во обраќањето до фановите на својот Инстаграм профил.

Дуетот „Хабиби“ со Пајак е нејзината последна песна, а на спотот пејачката е во блажена состојба.  Песна која прерасна во тотален хит!

Очигледно ќе почекаме за нова музика од Антониа, дотогаш да уживаме во нејзините  досега објавени хитови.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button