Реклама
Хороскоп

Скорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите – како е да сте во врска со овој хороскопски знак

Реклама

Додека сте заедно, посветете му го целото ваше внимание.

Скорпиите се ловци на детали и кога најмалку ќе бидете свесни, тој ќе ве посматра и ќе ги документира сите нијанси на вечерта помината со вас. Кога ќе се подготвувате пред излегување со скорпија, дотерајте се убаво.

Имајте на ум дека излегувате со моќно сензуален маж. Акцентирајте ги најдобрите делови од вашето тело. Ако имате големи гради, облечете провокативна блуза, која нема да открива премногу, а ако имате добар задник, облечете ги најтесните пантолони кои ги имате. Доколку забележувате дека тој не може да го тргне погледот од вашите усни додека зборувате и во очите му „светка“ страст, тоа е знак дека сте ја постигнале вашата цел на првиот состанок.

Маркетинг

На емотивен план, никогаш не треба да се сомневате во тоа колку вашата скорпија ве посакува. Неговата љубов ќе ја почувствувате со секој дел од вашето тело. Кога вашата љубовна врска ќе созрее и кога тој ќе ве запознае добро, ќе знае и како да ви го даде токму она што ви е потребно од еден маж.

Она што треба да го сфатите, е дека за да ви го пружи сето задоволство кое ви треба, мора тој да ја има контролата во вашата врска. Скорпиите имаат една необична особина, со која ги збунуваат другите луѓе, поради што некогаш се сметаат за најтешко сфатливиот знак во зодијакот. Немојте никогаш оваа нивна особина да си ја сфаќате лично, бидејќи тој само се обидува на милион начини да ви објасни како се чувствува и очекува од вас внимателно да го слушате додека го прави тоа.

Маркетинг

Скорпиите се слични како животното кое ги претставува – бистри, внимателни и непредвидливи. Тој постепено ќе ги планира неговите чекори, никогаш нема да си го троши времето, но никогаш нема ниту да избрзува со заклучоци.

Сите негови љубовни врски најверојатно ќе ја следат ваквата шема. Тој е многу независен и повлечен. Понекогаш неговата таинственост и мистериозност е збунувачка за другите луѓе.

Скорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите на некој начин. Во принцип, претставниците на овој знак се директни и страсни. Благодарение на нивната интуитивна природа, скорпиите ги разбираат потребите на нивниот партнер и ќе направат сè што е во нивна моќ за да му ги задоволат.

Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се справите со него, но бидете сигурни дека тој ќе направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот… се разбира доколку сте лојални спрема него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button