Реклама
Интервју

„Скопје за мене е посебен град“

Реклама

Гламур Интервју со Петар од „Фамилија Марковски“

Имавме можност да го запознаеме преку ликот на Бојан во серијата Фамилија Марковски пренесувајќи со што се соочуваат средношколците во земјава. Петар Петковски исто како и во серијата е средношколец во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје кој сосем случајно станал дел од серијата. Вели дека мило му е што после серијата луѓето го препознаваат и му приоѓаат…

Како Петар стана дел од фамилијата Марковски?

Сосем случајно завршив на кастинг, отидов да и правам друштво на мојата сестра која се занимаваше со глума и буквално ме бутнаа и мене внатре. После неколку круга јас ја добив улогата.

Маркетинг

Кои се твоите планови за иднина, планираш ли можеби да продолжиш со актерството?

Сеуште немам некој конкретен план, имам уште малку време да размилсувам на тоа. Многу ја засакав глумата ама околината малку ме обесхрабрува па затоа сум во дилема, ама во секој случај би сакал да се испробам во уште некој актерски предизвик.

Почнаа ли повеќе девојчиња да ти приоѓаат после улогата во серијата?

Почнаа голем број на луѓе да ми приоѓаат, не само девојки туки и родители, деца, баби, дедовци… и тоа многу ме радува.

Маркетинг

Планираш ли можеби да направиш и вистински блог инспириран од серијата?

Сум размислувал на таа тема, ама сепак мислам дека тоа не е начинот на изразување кој јас би го избрал. Голем број на луѓе мислат дека јас покрај улогата и приватно се бавам со правење видеа но тоа е работа на Бојан, не на Петар.

Што прави еден тинејџер во слободно време?

Јас како тинејџер гледам моето слободно време да го поминувам со луѓето што ме прават среќен.

Има ли доволно места за забава и дружење за младите на твоја возраст?

За тие што знаат да се забавуваат секое место е добро.

Како е да се глуми заедно со големи глумци како што е еден Сашко Коцев и Александар Миќиќ?

За мене, како дете што прв пат влегува во водите на глумата беше од огромно значење. Целата екипа беше одлична и има многу што да се научи од нив. Освен што ми помагаа од глумачки аспект многу пати ме насмеаа до солзи кога камерата беше исклучена.

Каква е ситуацијата во средните училишта од твоја перспектива?

Мислам дека не сум баш компетентен да зборувам на оваа тема, можам да кажам дека мене ми е супер во моето училиште.

Каква треба да биде девојката за да го освои срцето на Петар?

Love song by Sexy Marsa- 02:10

Што има Скопје и ниту еден друг град на светот?

Ја има мојата љубов, Скопје за мене е посебен град. Скопските улици ги знаат сите мои случувања . Може да се напише цела книга со одговори на ова прашање. Ги има најубавите населби, ги има скопјани, го има европскиот шампион РК Вардар…

Имаш ли идол од светски познатите глумци?

Немам некој конкретен идол, ама на оскарите оваа година во категоријата за најдобар актер навивам за Joaquin Phoenix.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button