Реклама
Стил

Скопјанка по која се вртат и мажи и жени – изгледа неверојатно дури и кога носи едноставни парчиња

Агнеса Органџиева овој пат ни одржа лекција како да изгледаме шик и женствено со многу малку труд

Реклама

Наместо фустан, Агнеса овој пат за вршење на своите секојдневни обврски низ градот избра нешто многу поинтересно и попрактично.

Топлото време полека но сигурно ни се приближува и покрај тоа што речиси секојдневно се присутни и облаците како и дождот.

Но кога не врне, знае да биде поприлично жешко, така што многу дами веќе преферираат лежерна облека која што и дозволува на кожата да дише и во која се чувствуваат многу поудобно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Една од нив е и Агнеса Органџиева која веќе ја започна својата летна сезона, што можеме да го видиме и од нејзиниот последен избор.

Имено, познатата македонска инфуелсерка се снимаше во својот автомобил покажувајќи одлично „стрит-стајл“ издание.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Таа овој пат беше облечена во интересно бело комплетче составено од маичка и долен дел со големи, златни копчиња, поприлично едноставно и згодно за вршење на секојдневните обврски, посебно кога температурите се над 20 степени.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Таа целото издание го зачини со маникир во впечатлива жолта нијанса, гламурозна шминка и нејзината убава руса коса.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Агнеса инаку е една од нашите најпознати девојки на социјалните мрежи која ги инспирира дамите со своите модни изданија.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Таа секогаш изгледа гламурозно и шик, без разлика дали носи елегантни фустани или станува збор за едно вакво опуштено издание.

Впрочем тоа може да се види и од нејзините фотографии, а некое од нив кои можат да ви послужат како инспирација што да носите во овој преоден период, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button