Реклама
Интервју

„Скопјани знаат да бидат многу романтични“

Реклама

Дали некогаш сте помислиле дека можете да изедете Букет? Ирена Гуржовска е дамата која прави токму такви букети, вкусни, неодоливи, необични и полни со љубов идеални за да го зграпчат вниманието на секого. А како дојде со идејата и развивањето на овој концепт, но и за најнеобичните нарачки кои ги добила прочитајте од интервјуто во продолжение…

Маркетинг

Како го создадовте концептот „ Букет Среќа“?

Се течеше некако спонтано. Од мали букети со киндер јајца за да го израдувам мојот син за неговата прва приредба во градинка, до букет од овошје за да го натерам да внесува повеќе витамини. Додека истражував дали постојат вакви букети, ја најдов Анна Назарова којашто ги има измислено букетите што се јадат, бев буквално магепсана од нејзината работа и веднаш го уплатив првиот онлајн курс кај неа. На почетокот правев букети за моите најблиски. Една друга Ана, една од моите најдобри другарки, ме натера да направам фејсбук страница за да видиме дали за букетите ќе има интерес од други луѓе. Штом почнаа редовни нарачки, ја регистрирав компанијата и веќе година и половина работиме успешно.

Колку во Македонија луѓето се запознаени со ваквиот концепт?

Иако сме мала земја и најчесто вестите за нешто ново брзо се шират, сеуште секојдневно имаме луѓе коишто за прв пат гледаат дека вакво нешто постои кај нас. Јас не го брзам процесот, сакам кога работите си имаат некаков природен тек. За моите букети луѓето најчесто дознаваат од социјалните мрежи или со препорака од некој што веќе добил или подарил букет. Тие ми се омилени, пресреќна сум кога за нарачка ќе се јави човек што добил букет и ми ги раскажува емоциите кои биле предизвикани од букетот.

Маркетинг

Што вие најмногу сакате да подарувате?

Сакам да подарувам оригинални подароци и сакам да подарувам емоции. Тоа е она што сакам да го преточам и во моите букети.

Иако, морам да признаам, моите блиски веќе очекуваат да добијат букет за секој роденден или прослава, па тоа ми го прави подарувањето малку потешко. Секогаш кога подарувам нешто подарокот има посебна смисла и е избран според она како јас ја доживувам личноста којашто треба да го добие подарокот. На пример, на мојот сопруг обожавам да му подарувам книги и колекционерски фигури поврзани со суперхерои, на мајка ми букети од цвеќе и накит. На една другарка и ги нарачав нејзините омилени чоколади од Русија и од нив и направив букет. Знам наместо подарок класичен, да подарам ден посветен на личноста, исполнет со нејзините или неговите омилени места, јадења, активности… Сакам кога подарокот ја отсликува врската којашто ја имам со оној што го добива.

Од што се може да се направи букет?

Букет може да се направи буквално од се, но јас работам само со овошје, зеленчук и чоколади. Моите колеги во другите земји работат и со сувомеснати производи, кашкавали, морски плодови, разни десерти…

Која е најчудната реакција која ја добивте по создавањето на „Букет Среќа“?

Бев изненадена од количината на позитивни реакции. Во нашава сива држава, некако бев подготвена на негативни коментари. Не дека немаше и такви, сеуште има, но се многу помалку од позитивните. Луѓето најчесто се вчудоневидени од фактот дека букетот може да се изеде.

Кој е вашиот омилен букет?

Сите букети ми се како деца и со секој букет ме поврзуваат емоци. Доколку морам да издвојам, нема да можам да изберам само еден. Од поомилените ми се букетот „Мангостен“ бидејќи на некој начин ми ја отсликува душата, составен од сите мои омилени овошја и во мојата омилена пурпурна нијанса на виолетово . Многу ги сакам букетот со чили пиперчиња „Ред Хот“ и букетот „Оревокршачка“

Знаат ли скопјани да бидат романтични?

Многу! Огромен е бројот на букети коишто ги доставуваме на работно место, најчесто без повод и причина, што мене особено ме радува. Уште во процесот на бирање букет и договарање околу составот и текстот на картичката, се гледа колку љубов има во нашиот град, а тоа се огромни количини!

Која ви била најчудната нарачка за букет?

Дефинитивно букет што имаше овошје и зеленчук, но и работи потребни за тазе мајка, меѓу кои имаше и влошки за гради. Иако најчесто не прифаќам да ставам други предмети во букетите, за постојаните клиенти знам да направам отстапки, па така настана и тој букет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button