Реклама
LIFESTYLEВирално

Скопска зоолошка добива детски „Авантура парк“

Реклама

На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители.

За првпат кај нас ќе се изгради детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

„Сакаме Скопје да го има овој парк. Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички паркови во природа. Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст. Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност.

Маркетинг

Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години. Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет, Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button