СКОКНА ОД ПЕТТИ КАТ И УБИ СЛУЧAЕН минувач: Грозоморен случај ја шокираше цела држава

Жена од Букурешт загинала кога друга жена се фрлила од петти кат
Жена (60) починала во болница во Букурешт откако врз неа паднала жена која се фрлила од 5-ти кат пред своите колеги.
Грозоморен случај се случил утрото на 25 октомври во главниот град на Романија, а жената која се обидела да се самоубие завршила со полесни повреди.

„Полициски службеници на 25.10.2023 година, околу 08.50 часот, добиле пријава за паѓање на лице од зграда лоцирана во Сектор 4.
По пристигнувањето на местото на настанот било утврдено дека жената (43), која паднала од зградата, паднала над 60-годишна жена која се движела по тротоар.

Двете жени биле свесни, а 60-годишната жена е во тешка состојба“, соопштија од полицијата.
За жал, постарата жена починала истата вечер во болница. Според неофицијални информации, таа имала три срцеви удари по ред и лекарите не можеле да направат ништо.

Истовремено, извори од истрагата тврдат дека жената имала скршеница на ‘рбетниот пршлен, што се уште не е официјално потврдено.
Откако постарата жена починала, против жената (43) е покрената истрага поради сомнение за убиство од небрежност.
Во моментов нема конкретни докази дека двата случаи се поврзани, но истрагата ја презело обвинителството, јавуваат медиумите.

Колегите на жената која се обидела да се самоубие изјавиле дека имала „депресивни периоди“ и дека поради тоа побарала стручна помош.
Сепак, тие не знаат што ја натерало да скокне од прозорецот тоа утро.




