Скапи бунди, комбинезони, необични чизми – Агнеса во уште едно ГЛАМУРЗНО ИЗДАНИЕ, изгледа како милион долари!
Органџиева ги изненади сите со својот ефективен изглед
Русокосата скопјанка Агнеса Органџиева која се најде во центарот на вниманието по разводот од поранешниот директор на АЕК, Роберт Ордановски, не престанува да ги изненадува бројните обожаватели на социјалните мрежи и со своите фенси, поприлично гламурозни модни комбинации. Таа неодамна позираше во неколку интересни изданија, а жените беа воодушевени од нејзините тренди бунди.
Но покрај бундите, Агнеса позираше и во еден гламурозен капут со кој исто така никого не остави рамнодушен.
Во прашање е модел со крзно и во нежна, пастелна нијанса, кој Агнеса го носеше со тренди комбинезон и преубави чизмички.
Во прашање е елегантен модел на капут со класичен крој кој е совршен избор за студените денови што се пред нас, а со кој шармантната скопјанка ни покажа една мошне креативна и интересна модна комбинација..
И како и обично, таа целото издание го зачини со преубава шминка и нејзината препознатлива руса коса.
Тренди бунди за студена зима
Од фотографиите што Агнеса ги објавува на својот Инстаграм можеме да видиме дека обожава да носи бунди.
Бундите веќе подолго време се вистински „маст-хев“, а покрај тоа што не штитат од студеното време и изгледаат многу модерно.
Тие исто така совршено одговараат и со најразлична облека, а што се однесува до новите трендови, во мода се во главно моделите направени од еко крзно кое ќе ве загрее дури и подобро од вистинската кожа.
Меѓу омилените оваа сезона се бундите од крзна во светли бои, како и моделите со варијации на животински дезени, апстрактни форми, бунди направени со таканаречената „пачворк“ техника или во колор-блок бои.
Што се однесува до тоа како да ги носите, модните гуруа овој пат не советуваат дека можеме слободно да ги носиме со патики и фармерки во стилот на 90-тите доколку сакаме да постигнеме кежуал изглед или со плетен џемпер-фустан и чизми со високи потпетици за елегантен женствен изглед.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни комбинации со будни кои заедно со фотографиите на Агнеса можат да ви послужат за инспирација како да го носите ова тренди парче во следниот период.
Во продолжение погледнете неколку модели на бунди и капути што ќе бидат хит оваа есен и зима.